Политика за квалитет

Раководството и сите вработени во компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје се посветени на постојано унапредување на своето работење, пред се преку зголемување на продуктивноста во текот на процесот на производство на топлинска енергија, на начин кој не ја нарушува животната средина и здравјето и безбедноста на вработените.

Преку дефинирање на мерливи цели, програми за исполнување на целите, реализацијата на активностите, преиспитување на постигнатите резултати и ефектите од истите, спроведување на превентивни и корективни мерки со цел унапредување на ефективноста и ефикасноста на целокупниот систем во работењето.
Основни воспоставени принципи во работењето на компанијата се:

  • континуирано следење и примена на најновите технолошки достигнувања и искуства со цел континуирано обезбедување на квалитетен производ, кој во целост ги задоволува барањата, потребите и очекувањата на корисниците;
  • доследна примена и континуирано унапредување на менаџмент системите, во согласност со законските и подзаконските прописи како и стремење кон исполнувања на барањата од меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001;
  • одговорност на сите вработени за примена на пропишана документација и функционирање на процесите во поглед на постигнување на бараниот квалитет на производот, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа;
  • остварување на партнерски однос со останатите компании од Групацијата Балкан Енерџи Груп, со цел зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето со цел добивање на квалитетен производ и овозможување на услуги кон крајните корисници;
  • редовно оспособување на вработените за извршување на работни активности и преземање на мерки со цел намалување на ризикот во поглед на активностите поврзани со заштита на животната средина, заштита на здравјето и безбедноста во работењето;