Извори на топлинска енергија


Изворите на топлинска енергија кои ги користи компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ги сочинуваат три топлани и тоа:

  • Топлана Исток, лоцирана во источната индустриска зона на градот, со инсталиран вреловоден капацитет од 279,12 MW (58%) и парен капацитет од 16,30 MW;
  • Топлана Запад, лоцирана во населбата Тафталиџе, со инсталиран вреловоден капацитет од 162,82 MW (36%) и парен капацитет од 20,09 MW;
  • Топлана 11 Октомври, лоцирана во населбата Кисела Вода со инсталиран вреловоден капацитет од 28,25 MW (6%);

Вкупниот активен инсталиран вреловоден капацитет на топлинските извори изнесува 470,19 MW (100%).

Слика 1: Процентуално учество на топлинскиот капацитет на секоја топлана во однос на вкупниот капацитет

Производните перфоманси на топлинските извори на годишно ниво ги карактеризира:

  • просечно производство на топлинска енергија: 550.000 (MWh);
  • просечнa потрошувачка на природен гас: 60.000.000 (Нм3)
  • просечна потрошувачка на мазут (алтернативно гориво): 50.000.000 (кг)