Историјат


Компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје започнува со работа на 27.11.2012 година, со седиште во Скопје и истата е дел од Групацијата Балкан Енерџи Груп.

Основна и единствена дејност на работењето на компанијата е производство на топлинска енергија која енергија преку дистрибутивниот систем овозможува снабдување со топлинска енергија на крајните корисници.

Друштвото ја извршува својата дејност согласно Законот за енергетика на Република Северна Македонија, лиценцата за работа и актите на Регулаторна Комисија за енергетика на Република Северна Македонија:

  • Правилник за цени на топлинска енергија и системски услуги;
  • Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија;
  • Правилник за снабдување со топлинска енергија;
  • Правилник за лиценци за вршење на енергетска дејност.