Центар за грижа за потрошувачи


Пријавувањето на дефекти и рекламации за квалитет на греење може да го направите на повеќе начини:

  1. Да оставите звучна порака на телефонскиот број (02) 3076-200, на современа автоматска централа, која ги снима Вашите пораки и повратно Ве информира на телефонскиот број од кој сте се јавиле или на оној кој ќе го оставите во пораката, со тоа што, во зависност од Вашите барања треба да одберете:

    • За пријавување на течење, изберете 1.

    • За пријавување на рекламации за квалитет на греење, бучење, пристап до топлинската станица заради пристап до други комунални инсталации и слични рекламации и барања до Дистрибутерот изберете 2.

    • За информации за фактури, долгови, камати, тужби, потпишување на договор и промена на статус на потрошувач, изберете 3.

    • За информации за приклучување, исклучување, премер на квадратура и моќност, мерење на температури во стан и промена на режими за загревање, изберете 4.

    • За информации за дефектажа на исправност и сервис на внатрешната инсталација, изберете 5.

  2. Да пополните формулар за рекламации на нашата веб страна;

  3. Да пратите СМС порака на телефонските броеви: 076-350-298 (ОНЕ), 078-207-056 (ВИП), 070-369-337 (Т-Mобиле).

Приоритет имаат рекламациите за течење, а сите останати се обработуваат по редоследот по кој пристигнуваат.

На овој линк детално, во дијаграм, е прикажан процесот на обработка на примените пријави за дефекти или рекламации, и тоа од самиот прием на пораката, која Вие ја оставате, па се до санирање/утврдување на дефектот или причините за рекламацијата.

Ве молиме да ги користите ИСКЛУЧИВО овие начини за пријавување на дефекти и рекламации за квалитет на греење.