Проектирање и развој


Производство на топлина Балкан Енерџи посветува големо внимание на развојните проекти од краткорочен, среднорочен и долгорочен карактер.

 

Долгорочна стратешка определба на компанијата е целосна автоматизација на процесот за производство на топланите. Согласно десетгодишниот план за развој, до 2017 година се планира да се набави систем СКАДА за двете топлани Исток и Запад, до 2019 година се планира да бидат модернизирани и автоматизирани електропостроенијата од 0,4 КВ и 6 КВ во ТО Исток, до 2020 година се планира да бидат автоматизирани вреловодните котли во топланите, до 2023 година се планира да бидат модернизирани и автоматизирани пумпните станици во топланите, до 2025 година се планира да бидат заменети постоечките економајзери со нов тип енергетски поефикасни економјзери и утилизатори на три вреловодни котли.

 

Компанијата интензивно работи на развојни проекти за зголемување на енергетската ефикасност на топланите преку примена на нови технологии (систем за вакуумска дегазација на технолошката вода, технологија на топлински пумпи), нова опрема (енергетски ефикасни економајзери, утилизатори на излезните гасови, високоефикасни пумпи, горилници) и вградување на стандардна опрема за енергетска ефикасност (фреквентни регулатори, лед осветлување, термичка изолација).