Интегрирани еколошки дозволи
Топланите Исток и Запад како индустриски капацитети спаѓаат во групата на големи инсталации за согорување со номинален топлински влез поголем или еднаков на 50 MW кои можат да предизвикаат големи загадувања и бара интегрирано спречување и контрола на загадувањето.
Топлана Исток поседува А – Дозвола за усогласување со оперативен план
Топлана Запад поседува А – Дозвола за усогласување со оперативен план
Топлана 11 Октомври, како инсталација со номинален топлински влез помал од 50 MW подлежи на Б -Дозвoли и истата поседува Б – дозвола за усогласување со оперативен план.
Контрола и намалување на емисиите
Грижата кон животната средина e еден од нашите главни приоритети. Се инвестира во намалување на емисиите во сите медиуми преку воведување на најсовремени технологии.
Сите котловски постројки поседуваат уред за континуирано следење на зачаденоста во продуктите на согорување.
Мониторингот на емисиите и резултатите од истиот редовно се доставуваат до надлежните органи.
При користење на природен гас како погонско гориво емисиите во воздухот се далеку под граничните вредности на емисија (ГВЕ).
Како погонско гориво топланите користат искучиво природен гас. Топлана Запад е целосно гасифицирана во 2013 година. Проектот гасификација се базираше на Најдобрите Достапни Техники при што се набавени ултра low NOx горилници. Со оваа инвестиција драстично се намалија емисиите во воздухот во однос на претходните години.
Нашето работење е во согласност со плановите за редукција на емисии во период 2012-2017. Плановите се изработени во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и управување со опасен отпад во Република Северна Македонија”, поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка и реализиран од фирмата NorskEnergy од Норвешка како носител на проектот и “Центарот за климатски промени” – Скопје.
Инсталациите топлана Исток и топлана Запад се влезени во рамките на Националниот план за редукција на емисиите (НЕРП) од големите согорувачки инсталации за период 2018-2027 согласно Одлуката на Енергетската заедница за имплементација на одредбите на LCP директивата.
Постапување со отпад
Постапувањето и управувањето со отпадот во инсталациите е во согласност со најновите законски регулативи. Друштвото поседува Лиценциран управител за постапување и управување со отпад.
Секоја година се врши обука на вработените чија работа може да има ефект врз состојбата на животната средина.