Инвестиции во 2014


1. Вградување на утилизатор на котелот ВКСМ 60/1 ТО Исток

Проектот се состои од набавка и инсталирање на утилизатор на топлинска енергија за работа на природен гас за вреловодниот котел ВКСМ 60/1 (69 MW) во ТО Исток. Утилизаторот е монтиран на вертикалниот дел од оџакот на котелот. Основна цел од реализацијата на инвестицијата е да се зголеми ефикасноста на котелот, преку дополнително искористување на топлината која што се наоѓа во чадните гасови на излез од котелот.

Активностите за реализација на проектот отпочнаа во Април 2014, а завршија во Декември 2014. Нашата компанија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ја водеше имплементацијата на проектот, во соработка со надворешна фирма (Димче Бањарот, Прилеп) при што за истата услуга беше склучен договор за изработка и набавка и монтажа на утилизатор.

Новиот утилизатор има максимален топлински капацитет од 3292 kW при што овозможува загревање на водата на влез од котелот за Δt = 2 ºC (во зависност од оптоварувањето на котелот) и директно влијае на зголемување на ефикасноста на котелот.

Имплементацијата на овој проект е од голема важност за процесот на производство на топлина со тоа што подобрувањето на ефикасноста на котелот овозможува заштеди на гориво и позитивно влијание на околината преку редукција на температурата на чадните гасови во атмосферата.

image1

image2

2. Модернизација на автоматиката на котлите ВКСМ 40 во ТО Исток

Проектот се состои од набавка и замена на постоечката опрема за автоматско стартување и управување на горилниците, тип PEABODY ARP-23, на три вреловодни котли ВКСМ 40/2, ВКСМ 40/3, ВКСМ 40/4 во ТО Исток. Вкупната инсталирана моќност на овие котли изнесува 138 MW.

Замената на опремата од автоматско управување беше потребно да се реализира со цел да се овозможи автоматска работа на котелот (оптоварување и растоварување) во однос на постоечкиот полу-автоматски режим на работа. Постоечката опрема за автоматско управување во исто време беше застарена и за истата повеќе не беше возможно да се набавуваат резервни делови.

Активностите за реализација на проектот отпочнаа во Април 2014, а завршија во Декември 2014. Нашата компанија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ја водеше имплементацијата на проектот се до негова конечна реализација, при што одлучено е да се набави опрема од реномирани производители: Фреквентни регулатори (Danfoss – Данска), електромотори (ATB – Р.Србија), опрема за автоматска работа (SAACKE – Германија).

Имплементацијата на проектот го овозможи следното:

  • Значително намалување на појавата на дефекти, со оглед на тоа дека опремата е нова.
  • Автоматска работа на котлите, повисока ефикасност и перформанси.
  • Подобрено управување на котлите со можност за софтверско надградување на системот и понатамошна интеграција во SCADA.
  • Достапност на резервни делови, поедноставено одржување и поголема надежност на процесот на производство на топлина.

image3

image4

3. Модернизација на 10 KV електро построение и опрема во ТО Исток

Проектот се состои од комплетна реконструкција на среднонапонската 10 kV постројка во ТО Исток. Реализацијата на проектот вклучуваше набавка на проектна документација, набавка на нова опрема, нејзино монтирање и пуштање во работа.

Целта на проектот беше да се замени постојната електропостројка со нова со оглед на тоа дека тековното одржување на старата постројка беше многу скапо, како и се почестата појава на дефекти.

Уште една важна работа која што беше земена во предвид при замената на електропостројката беше достапноста на резервни делови. Заменетата постројка беше во функиција повеќе од 30 години и набавката на резервни делови се одвиваше отежнато.

Имплементацијата на проектот овозможи подобро функционирање на ТО Исток, како резултат на новата опрема која што се монтира, ниски трошоци за одржување и зголемена безбедност. Зголемувањето на надежноста на постројката исто така овозможи и сигурна и континуирана работа на системот со минимизирање на можностите за појава на дефекти.

Активностите за реализација на проектот отпочнаа во Април 2014, а завршија во Септември 2014. Нашата компанија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ја водеше имплементацијата на проектот се до негова конечна реализација, при што одлучено беше да се набави опрема од реномиран производител: 10 kV електропостројка (Schneider Electric – Франција). Монтажата на опремата беше извршена од страна на македонската компанија Тимел проект – Скопје.

Монтажата на нова електропостројка овозможи ревизија на постојното поврзување на постројките и евентуално зголемување на капацитетот како и:

  • Зголемена надежност и подобрено функционирање на топланата.
  • Понатамошна интеграција во надреден SCADA систем
  • Ниски трошоци за одржување
  • Достапност на резервни делови
  • Зголемена безбедност на системот

image5

image6