Инвестиции во 2015


1. Набавка и вградување на систем за вакумска дегазација на вода

Проектот се состои од комплетна технолошка промена на методот за дегазација (отстранување на кислородот и јаглеродниот диоксид) на технички припремената вода во ТО Исток. Реализацијата на проектот вклучуваше набавка на проектна документација, набавка на нова опрема, нејзино монтирање и пуштање во работа.

Целта на проектот беше да се замени постоечката термичка дегазација со нов, современ и поефикасен метод на ладна вакуумска дегазација со капацитет на дегазирање помеѓу 15-30 m3/h. Која во принцип треба да изврши значително зголемување на енергетската ефикасност на системот и намалување на експолатационите трошоци.

Активностите за реализација на проектот отпочнаа во Април 2015, а завршија во Октомври 2015. Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ја водеше имплементацијата на проектот се до негова конечна реализација. Монтажата на опремата беше извршена од страна на Производство на топлина Балкан Енерџи додека проверката на системот и пуштањето во работа беше извршено од страна на добавувачот на опремата COROSYS Германија.

Монтажата и пуштањето во рабоата на системот за вакуумска дегазација овозможија:

  • Зголемена надежност и подобрено функционирање на системот за припрема на технолошката вода.
  • Енергетска ефикасност
  • Понатамошна интеграција во надреден SCADA систем
  • Ниски трошоци за одржување
  • Зголемена безбедност на системот

image7

image8

2. Набавка и замена на циркулационите пумпи во топланите

Проектот се состои од набавка и замена на старите циркулациони пумпи со нови пумпи кои имаат подобар степен на ефикасност. Овој проект е дел од систематска замена на постојните пумпни агрегати со нови, се со крајна цел времено да се изврши комплетна замена на сите циркулационите пумпи во пумпните станици на топланите.

Новите пумпни агрегати ќе треба да го зголемат степенот на ефикасност и надежноста на пумпниот систем како и да изршат намалување на експлоатационите трошоци.

Активностите за реализација на проектот отпочнаа во Април 2015, а завршија во Октомври 2015. Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ја водеше имплементацијата на проектот се до негова конечна реализација. Монтажата на опремата беше извршена од страна на Производство на топлина Балкан Енерџи додека проверката на системот и пуштањето во работа беше извршено во заедничка соработка на овластените претстаници на добавувачот на опремата KSB Германија.

Монтажата и пуштањето во рабоата на новите циркулациони пумпи овозможија:

  • Зголемена надежност и подобрено функционирање на хидрауличкиот системот
  • Енергетска ефикасност
  • Намалени трошоци за одржување
  • Зголемена безбедност на системот

image9

image10