Инвестиции во 2016


1. Набавка и монтажа на гасни мерачи за котли ВКСМ во ТО Исток и ТО Запад

Овој проект се состои од набавка и инсталација на нови технолошки мерила на проток на гас со нормализатори на параметрите, како и набавка на нови тотализатори за дел од постоечките технолошки мерила за проток на гас во ТО Исток и ТО Запад.

Целта на овој проект е да се унифицира начинот на мерење и приказ на параметрите од мерењата на проток на гас во двете топлани.

 

Имплементацијата на овој проект го подигна нивото на квалитет во мерењето на параметрите и исто така овозможи услови за непосредна интеграција на овој подсистем во постоечкиот систем за аквизиција на податоци во ТО Исток и ТО Запад, како и негова понатамошна интеграција во новиот систем за SCADA управување со топланите кој се планира да се имплементира во следните неколку години.

 

 

2. Имплементација на централизиран (SCADA) систем за прибирање на податоци и управување со работата на топланите

  

Овој проект претставува долгорочна определба на компанијата за модернизација на опремата и процесите во топланите. Проектот се состои од набавка на опрема и софтвер за централизирано прибирање на податоци и управување со работата (SCADA) на подсистемите во ТО Исток и ТО Запад.

Целокупната набавка на софтверот и опремата за управување и аквизиција на податоци е производ на реномираната компанија EMERSON.

Целта на овој проект е да се зголеми надежноста, функционалноста и ефикасноста на процесот на производство и испорака на топлинска енергија од двете топлани. Зголемената ефикасност на системот директно ќе влијае на намалување на трошоците за греење кај крајните корисници.

Конечната имплементацијата на овој проект во иднина ќе овозможи квалитетен  надзор и управување на процесот на производство и сигурна и безбедна испорака на топлинска енергија со постојана аквизиција на сите работни параметри на постројките во топланите.

 

 

3. Автоматизација на вреловоден котел ВКСМ 60/1 во ТО Исток

 

Овој проект е дел од долгорочната определба на компанијата за имплементација на систем за централизирано прибирање на податоци и управување со работата (SCADA) на подсистемите во ТО Исток и ТО Запад. Вреловодните котли се најважните постројки за производство на топлинска енергија и со автоматизацијата на котелот ВКСМ 60/1 започна имплементацијата на проектот за автоматско управување и надзор на производствените постројки во топланите.

Имплементацијата на проектот вклучи инсталација на управувачка и извршна опрема која што овозможи автономна и автоматска работа на вреловодниот котел, а при тоа ја зголеми надежноста, сигурноста во работењето и ефикасноста на котелот.

Автоматската работа на котелот овозможи и минимален удел на човечкиот фактор во управувањето со постројката, а при тоа котелот работи во подрачје на висока ефикасност со што се овозможува заштеда на гориво, што директно влијае на намалување на трошоци за греење кај крајните корисници.

 

 

 

4. Мерни бленди на ВКСМ котлите

 

Овој проект е дел од долгорочната определба на компанијата за имплементација на систем за централизирано прибирање на податоци и управување со работата (SCADA) на подсистемите во ТО Исток и ТО Запад.

Овој проект се состои од набавка и инсталација на нови технолошки мерила на проток на вода на влез на секој од вреловодните котли во ТО Исток и ТО Запад.

Имплементацијата на овој проект овозможи точно и доверливо мерење на протокот на вода низ котлите, унификација на начинот на мерење и приказ на параметрите од мерењата на проток на вода во двете топлани.

Имплементацијата на овој проект го подигна нивото на квалитет во мерењето на параметрите и исто така овозможи услови за непосредна интеграција на овој подсистем во постоечкиот систем за аквизиција на податоци во ТО Исток и ТО Запад, како и негова понатамошна интеграција во новиот систем за SCADA управување со топланите кој е во фаза на имплементација.