1. НАБАВКА И МОНТАЖА НА НОВА ЦЕНТРАЛА СО СЕНЗОРИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС ВО ТОПЛАНА ЗАПАД
Реализацијата на овaa инвестиција е од исклучително значење за безбедноста на топланата, вработените, па и пошироката околина на топланата. Постоечката централа за детекција на истекување на природен гас во топлана Исток беше набавена и монтирана во 1997 година кога се гасифицираше топланата. Поради застареност на опремата, производителот престана со производство на резервни делови со што се отежна сервисирањето и се доведе во ризик исправното функционирање на системот за детекција на природен гас.
Со инвестицијата се изврши набавка и монтажа на нова централа за детекција на природен гас, нови сензори за детекција, вкупно 22, распоредени на сите критични места во топланата, се набавија и монтираа нови електрични кабли за конекција на централата со сензорите и нови регали и иноксни цевки за поставување на каблите. Исто така, се поставија дополнителен број на сензори со држачи на неколку места кои согласно претходно изработениот Елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, требаше да бидат поставени, а не можеа да се постават на старата централа поради ограничениоста на бројот на приклучени сензори.
Со реализацијата на оваа инвестиција се овозможи:
– зголемување на безбедноста на вработените и околината на топланата,
– зголемување на технолошката безбедност на опремата во топланата,
– зголемување на доверливоста на процесот на производство на топлинска енергија во топланата и
– задоволување на законските обврски за согорување на природен гас во котларници.
Опремата за реализација на оваа инвестиција е набавена од реномираниот производител Дуран (производител на ваков вид опрема за Сименс). Монтажата на централата, сензорите за детекција на истекување на природен гас и останатата опрема ја изврши и централата ја пушти во работа фирмата Техноинспект.
2. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ХИДРАНТСКАТА МРЕЖА ВО ТОПЛАНА ЗАПАД
Хидрантската мрежа во топлана Запад како дел од системот за противпожарна заштита датира од самиот почетокот со работа на топланата и неколку пати е доградувана со дополнителни хидрантски места. На редовното годишното испитувања на нејзината функционалност, се утврди дека неколку хидранти не го постигнуваат потребниот притисок на водата за успешно гаснење на евентуален пожар. Ова посебно се однесуваше на хидрантите поставени на горниот кат во топланата каде се поставени хидранти со пена кои без доволен притисок, не можат да ја формираат пената. Поради тоа, побарана е изработка на проектно решение за надминување на овој проблем. Согласно проектното решение, се предвиде изработка на специјална противпожарна просторија, монтажа на специјален систем од противпожарни пумпи и корекција на дел од хидрантските цевководи.
Направена е нова просторија според сите стандарди за ваков тип објекти, со противпожарни врати и зидови и во неа е сместена новата опрема: специјални противпожарни пумпи со автоматика за континуирано одржување на притисок во хидрантската мрежа. Исто така, набавени се и монтирани нови противпожарни регали за кабли и противпожарни кабли и спроведени согласно стандардните за водење на овој тип кабли, со противпожарна заштита на сите прободи преку зидовите и нивна заштита во специјално набавени заштитни цевки.
Со реализацијата на оваа инвестиција се овозможи:
– оспособување на хидратската мрежа како дел од системот за противпожарна заштита во топланата,
– зголемување на противпожарната заштита на објектите, вработените и околината на топланата,
– зголемување на технолошката безбедност на опремата во топланата и на доверливоста на процесот на производство на топлинска енергија во топланата и
– задоволување на законските обврски за изведба и користење на ваков тип системи за противпожарна заштита.
Противпожарните пумпи и опремата се набавени од реномираната италијанска компанија Калпеда, а монтажата и пуштањето во работа го изведе фирмата Турбоинженеринг од Скопје.
3. ИЗРАБОТКА И МОНТАЖА НА ПРИСТАПНИ ПЛАТФОРМИ ДО КОНТРОЛНИТЕ ИСПУСНИ ЦЕВКИ ЗА ПРИРОДЕН ГАС ВО ТОПЛАНА ИСТОК
Со гасификацијата на топлана Исток во деведесетите години, контролните испусни цевки за природен гас од гасната инсталација, како и испусните цевки од сигурносните вентили и блокадните вентили на гасните рампи, беа поставени на сите четири страни од топланата. Повеќето од нив беа на непристапни места, високо покрај фасадата на топланата или на кровот на топланата. Останатите кои беа поблиску до зидовите на топланата, немаа пристапни патеки ниту платформи, така што се користеа преносни скали за приближување до испустите. Секое пристапување до контролните испусни цевки за прирдоен беше небезбедно и ризично за операторите.
За решавање на овој сериозен безбедносен проблем, се премина кон изработка на проектно решение за групирање на сите испусни цевки и изработка на безбедни пристапни патеки и платформи покрај самите цевки. Согласно проектот, сите испусни цевки (вкупно 35) се положија према северната страна на топланата и се групираа на две локации. На двете локации се изработија и монтираа две стандардни платформи со заштитна ограда и со пристапни скали. Секоја од испусните цевки се обележа со еднозначна ознака, а краевите на истите се заштитија со нерѓосувачки мрежички.
Со реализацијата на оваа инвестиција се овозможи:
– безбеден пристап до секоја испусна цевка од гасните инсталации и опрема,
– лесна и сигурна контрола на присуство на природен гас во гасните инсталции и опрема,
– безбедно продувување на гасните инсталции и опрема со воздух и азот пред интервенција и
– значително подобрување на условите за работа на операторите.
Проектот за оваа инвестиција го изработи проектантската фирма Филбис од Скопје, а реализацијата на сите активности беше доделена на фирмата Димче Бањарот од Прилеп.
4. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПУМПНАТА СТАНИЦА ВО ТОПЛАНА ИСТОК (ТРЕТА ФАЗА)
Оваа инвестиција е реализирана во рамките на проектот за реконструкција, модернизација и зголемување на капацитетот на пумпната станица во топлана Исток.
Постоечките циркулациони пумпи се прилично амортизирани, со старост поголема од 30 години и со ниски коефициенти на корисно дејство во однос на современите типови пумпи. За некои од нив производителот одамна престанал да произведува резервни делови, така што во случај на дефект постоеше опасност истите да не може да се сервисираат. Во рамките на оваа инвестиција, во првата и втора фаза се заменети две пумпи (бр. 7 од прв степен и од втор степен) со нови, кои се со поголем поголем капацитет и со повисок коефициент на корисно дејство. Исто така, претходната година се набавени две директни едностепени циркулациони пумпи со проток од 600 м3/ч чиј капацитет се регулира преку фреквентни регулатори.
Оваа година се набавени две циркулациони пумпи од производителот KSB: Etanorm RG 300-400 и Etanorm RG 300-500. Пумпите се монтирани соодветно на место на старите демонтирани пумпи бр.1 од прв степен и на пумпа бр.5 од втор степен. Старите пумпи беа повеќе пати сервисирани, со зголемен ризик од дефекти и со пониски коефициенти на корисно дејство. Новонабавените пумпи имаат за 8% поголем капацитет од постоечките и се за цца 10% поефикасни. Истовремено, со цел намалување на загубите во цевководите, направена е корекција на димензиите на приклучните водови за двете нови циркулациони пумпи и за циркулациона пумпа бр. 2 од втор степен и монтирана е нова арматура со електромоторни погони Ауматик. За првпат се монтирани компензатори на всисниот дел од пумпите со цел намалување на преносот на вибрации кон цевководите.
Со реализацијата на оваа инвестиција се овозможи:
- зголемување на доверливоста на пумпната станица во топлана Исток,
- зголемување на ефикасноста на пумпната станица во топлана Исток,
- зголемување на капацитетот на пумпната станица во топлана Исток и
- овозможување на рамномерно оптеретување на пумпната станица согласно потребите на дистрибутивната мрежа.
Опремата за реализација на оваа инвестиција е набавена од реномираните производители КСБ, Аума-Германија, АБО Валве-Чешка, МИВ-Хрватска, замената на пумпите и арматурата е направена од страна на вработените на Производство на топлина Бакан Енерџи и на фирмата Димче Бањарот, додека пуштањето во работа е направено од овластените сервисери на производителите на опремата.
|
|
5. МОДЕРНИЗАЦИЈА И АВТОМАТИЗАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА ДОПОЛНА НА ВОДА НА ПРАГ ТО ИСТОК
Досегашниот систем за надополна на загубите на вода во дистрибутивниот систем беше димензиониран според загубите на вода во периодот пред групацијата БЕГ да ја преземе дејноста. Со намалувањето на загубите во последните години, овој систем беше предимензиониран и правеше неправилности во работењето и големи грешки во измерените количини на дополнета вода во системот. Освен тоа, секојдневната потреба од насочување на надополнувањето на вода позади главните изолирачки вентили на праг топлана, во услови на неавтоматизиран систем, изискуваше постојана рачна манипулација на вентилите од страна на операторите во многу отежнати услови (присуство на вода, ниски надворешни температури, намален број на извршители и сл.).
Согласно проектното решение, се изврши реконструкција на постоечкиот систем со кој се направи паралелен систем за надополна на вода со помала димензија (НО50) со соодветни протокомери на вода за секој магистрален цевковод на излез од топланата. Исто така, се монтираа електромоторни погони на сите 6 вентили за надополнување на вода, управувани од операторскиот пулт. Далечинското управување на овие вентили се овозможи преку електроопремата сместена во електричен ормар, како и нови регали со кабли за поврзување на електромоторните погони.
Со реализацијата на оваа инвестиција се овозможи:
– обезбедување на доверливо и точно мерење на количините вода за надополна на загубите во дистрибутивниот систем од топлана Исток,
– автоматизиран и далечински командуван систем за надополна на вода,
– значително подобрување на условите за работа на операторите.
Новонабавените електромоторни погони се набавени со реномираната фирма Брандони, проектното решение го изработи фирмата БИС Инженеринг, додека монтажата на опрема ја направија вработени од ПТБЕ и од надворешната фирма БМГ.
6. РЕКОНСТРУКЦИЈА СО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРОМОТОРНИТЕ ПОГОНИ НА ПРАГ ТОПЛАНА ЗАПАД
Од топлана Запад кон дистрибутивната мрежа се приклучени 5 магистрлани водови, вкупно 10 цевководи. На секој од овие цевководи се вградени по два вентили за изолирање на топланата од дистрибутивниот систем. Досега, само 4 вентили беа обезбедени со електромоторни погони за далечинско управување, додека на останатите 6 вентили беа вградени електромоторни погони, но без можност да се управуват далечински. Во услови на намален персонал во топланите и отежнати услови за работа на местата каде вентилите се вградени и при екстремни надворешни метеоролошки услови, беше исклучително небезбедно постојаното рачно манипулирање со вентилите.
Со реализацијата на оваа инвестиција се набави нов електричен ормар со опрема и можност за вградување на дополнителна опрема за уште 5 погони, се поставија нови електрични регали и се положија нови електрични кабли со кои се поврзаа електромоторните погони со операторскиот пулт во топланата. Кон новиот електричен ормар се поврзаа и двата нови електромоторни погони за управување на двата бај-пас вентили НО250 во топланата.
Со реализацијата на оваа инвестиција се овозможи:
- доверливо работење на топлана Запад,
- континуирано одржување на бараните параметри на праг топлана Запад,
- зголемување на ефикасноста на вработените во топланата,
- значително подобрување на условите за работа на операторите и
- намалување на ризикот о по опремата и процесот од човечка грешка.
За реализација на оваа инвестиција, проектот го изработи БИС Инженеринг, додека опремата ја монтира и пушти во работа надворешната фирма БМГ со помош на вработени од Производство на топлина Балкан Енерџи.
|
|