Јавна набавка на масло за горење - мазут


Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје од 2013 година целосно ги има преструктуирано топланите за работа на најеколошки и најефтин расположлив енергенс природниот гас, кој исклучиво се користи како примарно погонско гориво во процесот на производство на топлинска енергија.

Вршителот на дејноста производство на топлинска енергија има законска обврска да обезбедува сигурно, квалитетно и континуирано производство на топлинска енергија, што значи дека има обврска, во текот на грејната сезона, да има обезбедено испорака на алтернативно погонско гориво – мазут, кое би се користело само во случај на вонреден прекин на снабдувањето со природен гас во Република Македонија.

Токму затоа Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, заради законската обврска, на ден 08.09.2017 година објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на масло за горење – мазут до 55.000.000кг, јавно објавен под број 01-09/2017 на интернет страницата e-nabavki.gov.mk и истиот е достапен за сите заинтересирани економски оператори. Согласно објавениот оглас, друштвото планира да додели рамковна спогодба со избраниот добавувач, односно го задржува правото да набавува количини на мазут согласно тековните потреби, односно да не набави воопшто доколку се покаже за непотребно. Понатаму, во техничките спецификации за предметот на набавка во тендерската документација е дефиниран стандардот кој мазутот треба да го задоволува, согласно барањата на домашната регулатива, како и индикативните максимални количини по месеци кои би биле потребни за маскимален режим на работа на топланите.