Кадровско екипирање
Унапредувањето на кадровската екипираност на компанијата е стратешка определба на Производство на топлина Балкан енерџи. Компанијата е подготвена секогаш да даде можност на лица со различни професионални профили кои се подготвени да работат по највисоките професионални стандарди. Особено сме отворени за лицата кои имаат специфична стручност и се дефицитарни на пазарот на труд, како на пример:
- Ракувач со термоенергетски постојки со инсталирана снага поголема од 20MW
Овие лица е неопходно да имаат минимум стручна подготовка ССС – машински техничар – енергетичар. Работното искуство во иста или сродна дејност е пожелно, но не неопходно. Заинтересираните кандидати е неоходно да имаат положен стручен испит АТК (за ракување со ТЕП со инсталирана снага над 20 MW), а треба да поседуваат и возачка дозвола Б категорија.
- Бравар-заварувач за одржување на опрема и инсталации на термоенергетските постројки во топланите
Овие лица е неопходно да имаат стручна подготовка 4/3 -ССС, машински техничар, ССЗ браварско-заварувачка струка. Предност имаат кандидатите со претходно работно искуство во енергетска компанија. Заинтересираните кандидати е неоходно да имаат сертификат за заварување, а треба да поседуваат и возачка дозвола Б категорија. Лицата треба да имаат способност за работа во отежнати услови за работа
- Машинобравар за одржување на опрема и инсталации на термоенергетските постројки во топланите
Овие лица е неопходно да имаат стручна подготовка 4/3 -ССС, машински техничар, ССЗ браварска струка. Работното искуство во иста или сродна дејност е пожелно, но не неопходно. Заинтересираните кандидати е неоходно да поседуваат возачка дозвола Б категорија.
- Шамотер за одржување на опрема на термоенергетските постројки во топланите
Овие лица е неопходно да имаат стручна подготовка 4/3 -ССС, градежен техничар, ССЗ градежна струка. Работното искуство во иста или сродна дејност е пожелно, но не неопходно. Заинтересираните кандидати е неоходно да поседуваат возачка дозвола Б категорија и способност за работа во отежнати услови
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да се пријават. Апликацијата ќе биде разгледана и евидентирана во нашата база на потенцијани вработени и кога вашите квалификации ќе соодветствуваат на потребите за одредена отворена позиција, ќе бидете повикани на разговор за учеството во процесот на вработување.