Испораката на топлинска енергија до потрошувачите на системот за централно греење се врши по правила, наложени од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ.
Согласно регулативата, грејната сезона трае до 15-ти април и истата може да биде продолжена до 30-ти април, во зависност од временските услови. Во периодот од 16-ти до 30-ти април, испорака на топлинска енергија се врши доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени Целзиусови (согласно податоците од Управа за хидрометеоролошки работи). Одлука за испорака на топлинска енергија во деновите после 15-ти април, на дневно ниво носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ.