Процесот на прозиводство на топлинска енергија се одвива во погоните на топланите каде се сместени котлите за производство на топлинска енергија и останата опрема. Компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје континуирано прави ремонтни активности, обновување на опремата, инвестициски вложувања, се со цел одржување на целокупната опрема во состојба која ќе овозможи извршување на своите обврски за сигурно, безбедно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија. За остваруавње на оваа обврска, сите котли во топланите се адаптирани и можат како енергетско гориво да користат природен гас и мазут.
Активностите на компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје се одвиваат во два годишни периоди:
- грејна сезона: од 15 октомври(најрано од 01 октомври) до 15 април (најдоцна до 30 април) – период на производство и испорака на топлинска енергија;
- ремонтни активности: од 16 април до 14 октомври– период на подготовка на системот за работа за следната сезона кога се вршат годишните ремонтни активности и инвестициски вложувања.
Генерално, активностите се состoјат од:
- оперативно управувањена процесот на производство на топлинска енергија во текот на грејната сезона заради испорака на енергија до крајните корисници и обезбедување системски услуги на операторот со дистрибутивната мрежа;
- отстранувања на дефекти во периодот на сезона, кои овозможуваат непречено одвивање на производството на топлинска енергија;
- период на подготвеносткаде во зависност од временските услови, производните постројки се во состојба на спремност за активирање во рок од 15 минути.
- редовен ремонтво месеците од годината во кои не е потребна испорака на топлинска енергија, со цел подготовка на постројките за следната грејна сезона;
- инвестициикои оперативно се одвиваат во ремонтниот период, со цел нивното имплементирање да придонесе за подобрувања и зголемена ефикасност во процесот на производство на топлинска енергија;
- накнадни работикои директно не влијаат на процесот на производство и нивното извршување обично не зависи од видот и динамиката на извршување на останатите работни активности.