Изворите на топлинска енергија кои ги користи компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ги сочинуваат три топлани и тоа:
- Топлана Исток, лоцирана во источната индустриска зона на градот, со инсталиран вреловоден капацитет од 279 MW (59%);
- Топлана Запад, лоцирана во населбата Тафталиџе, со инсталиран вреловоден капацитет од 163 MW (35%) и
- Топлана 11 Октомври, лоцирана во населбата Кисела Вода со инсталиран вреловоден капацитет од 28 MW (6%).
Вкупниот инсталиран вреловоден капацитет на топлинските извори изнесува 470 MW.
Слика 1: Процентуално учество на топлинскиот капацитет на секоја топлана во однос на вкупниот капацитет
Производните перфоманси на топлинските извори на годишно ниво ги карактеризира:
- просечно производство на топлинска енергија: 550.000 (MWh) и
- просечнa потрошувачка на природен гас: 60.000.000 (Nm3).