Услов за испорака на топлинска енергија за 05.10.2020 година


Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ја информира јавноста дека, за 05.10.2020 година не се создадени услови за производство и испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозата од Управата за Хидрометеролошки работи.

Според член 45 став (2) од Правилата за снабдување со топлинска енергија, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје за 05.10.2020 година изнесува 20˚С.