Услов за испорака на топлинска енергија за 13.10.2021 година


Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ја информира јавноста дека за 13.10.2021 година се создадени услови за производство и испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 13.10.2021 година од Управата за Хидрометеролошки работи.

Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.