Услов за испорака на топлинска енергија за 24.04.2022 година


Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје ја информира јавноста дека за 24.04.2022 година не се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 15˚С за 24.04.2022 година од Управата за Хидрометеролошки работи.

Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.