Визија, мисија и остварени резултати


ВИЗИЈА

Визијата на компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е да остане водечка компанија за производство на топлинска енергија во Градот Скопје, чие работење во целост е насочено кон исполнување на сите дефинирани барања за производот и да биде сигурен партнер на својот купувач во целовкупниот процес на снабдување со топлинска енергија.

 

МИСИЈА

Компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје обезбедува сигурна, навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија до својот купувач, во согласност со пропишаните правила за испорака на истата и законските регулативи. Својот производ го испорачуваме применувајќи високо развиена технологија и најсовремени технолошки решенија, истовремено грижејќи се за животната средина, здравјето и безбедноста на вработените, со што ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е сигурен и исклучително доверлив партнер кон својот купувач и општествено одговорна компанија кон сите граѓани.

 

ОСТВАРЕНИ РЕЗУЛТАТИ

Водејќи се од вредностите и основните стратешки определби кои произлегуваат од визијата и мисијата на нашата компанија, ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во текот на своето работење ги остварува следните резултати:

Од Јануари 2015 година топлана 11 Октомври е конзервирана, а потребната енергија за конзумното подрачје се испорачува од топлана Исток.

 

Производството на топлинска енергија во топлана Исток, освен од временските услови, зависи и од топлинската енергија која се превзема од гасната електрана ТЕ-ТО.

 

Од Октомври 2013 година топланите користат исклучиво природен гас.

 

Последен пат мазут е користен во топална Запад во месец Април 2013 година.

 

Од 2014 година производство на технолошка вода се прави во топлана Исток од каде се надополнува во дистрибутивниот систем.