За нас


Општо

Компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е најголемата компанија за производство на топлинска енергија во Република Македонија.
Нејзините капацитети за производство на топлинска енергија служат за опслужување на корисниците со топлинска енергија во градот Скопје.

Дејност

ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е компанија чија единствена дејност е производство на топлинска енергија со вреловоден активен капацитет со топлинска моќност од 478,3 MW.

Историјат

Компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје започнува со работа на 27.11.2012 година, со седиште во Скопје и истата е дел од Групацијата Балкан Енерџи Груп.
Основна и единствена дејност на работењето на компанијата е производство на топлинска енергија која енергија преку дистрибутивниот систем овозможува снабдување со топлинска енергија на крајните корисници.

Друштвото ја извршува својата дејност согласно Законот за енергетика на Република Македонија, лиценцата за работа и актите на Регулаторна Комисија за енергетика на Република Македонија:

  • Правилник за цени на топлинска енергија и системски услуги;
  • Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија;
  • Правилник за снабдување со топлинска енергија;
  • Правилник за лиценци за вршење на енергетска дејност.

Основни податоци

Име на компанијата: Производство на топлинска енергија Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје
Целосен назив на компанијата: Друштво за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје
Адреса: ул. 515, Бр.6 СКОПЈЕ – ГАЗИ БАБА
Датум на основање: 27.11.2012
Единствен даночен број: 4043012512444
Матичен број: 6832938
Вид на сопственост: приватна сопственост
Сопственик: Друштво за инвестиции, производство, трговија и советодавни услуги БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје
Тел. / Факс: 00 389 (0)2 5 514 140
П.Фах: 188
E-mail: contact@beg-proizvodstvo.com.mk
WEB страна: www.beg-proizvodstvo.com.mk

Организациска структура

Организациската структура на компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е прилагодена за извршување на регулирана дејност – производство на топлинска енергија, за која поседува лиценца за работа, врз основа на Законот за енергетика на Република Македонија.
Организационата структура е составена од пет Работни единици со вкупен број на 103 вработени.

Политика за квалитет

Раководството и сите вработени во компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје се посветени на постојано унапредување на своето работење, пред се преку зголемување на продуктивноста во текот на процесот на производство на топлинска енергија, на начин кој не ја нарушува животната средина и здравјето и безбедноста на вработените.
Преку дефинирање на мерливи цели, програми за исполнување на целите, реализацијата на активностите, преиспитување на постигнатите резултати и ефектите од истите, спроведување на превентивни и корективни мерки со цел унапредување на ефективноста и ефикасноста на целокупниот систем во работењето.

Основни воспоставени принципи во работењето на компанијата се:

  • континуирано следење и примена на најновите технолошки достигнувања и искуства со цел континуирано обезбедување на квалитетен производ, кој во целост ги задоволува барањата, потребите и очекувањата на корисниците;
  • доследна примена и континуирано унапредување на менаџмент системите, во согласност со законските и подзаконските прописи како и стремење кон исполнувања на барањата од меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001;
  • одговорност на сите вработени за примена на пропишана документација и функционирање на процесите во поглед на постигнување на бараниот квалитет на производот, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа;
  • остварување на партнерски однос со останатите компании од Групацијата Балкан Енерџи Груп, со цел зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето со цел добивање на квалитетен производ и овозможување на услуги кон крајните корисници;
  • редовно оспособување на вработените за извршување на работни активности и преземање на мерки со цел намалување на ризикот во поглед на активностите поврзани со заштита на животната средина, заштита на здравјето и безбедноста во работењето.

Лиценци

Компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје поседува лиценца за работа издадена од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија (УП1 Бр. 11-291/12), врз основа на Законот за енергетика на Република Македонија (Службен весник на РМ, бр.16, од 10.02.2011 година и негови измени и дополнувања).
Лиценца за вршење на енергетска дејност Производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител.