Основна дејност


Дејност

ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е компанија чија основна и единствена дејност е производство на топлинска енергија со вреловоден активен капацитет со топлинска моќност од 478,3 MW. Нејзините капацитети за производство на топлинска енергија служат за опслужување на корисниците со топлинска енергија во градот Скопје преку дистрибутивниот систем со што се овозможува снабдување со топлинска енергија на крајните корисници.

 

Историјат

Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е основано во ноември 2012 година, како дел од Групацијата Балкан Енерџи Груп, а енергетската дејност производство на топлина започнува да ја извршува на 31.12.2012 година, по добивањето на Лиценцата.

Друштвото, својата дејност, ја извршува согласно Законот за енергетика на Република Северна Македонија, лиценцата за работа и актите на Регулаторна Комисија за енергетика на Република Северна Македонија:

  • Правилник за цени на топлинска енергија и системски услуги;
  • Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија;
  • Правилник за снабдување со топлинска енергија;
  • Правилник за лиценци за вршење на енергетска дејност.