Основни податоци


Историјат

Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е основано во ноември 2012 година, како дел од Групацијата Балкан Енерџи Груп, а енергетската дејност производство на топлина започнува да ја извршува на 31.12.2012 година, по добивањето на Лиценцата.

Друштвото, својата дејност, ја извршува согласно Законот за енергетика на Република Северна Македонија, лиценцата за работа и актите на Регулаторна Комисија за енергетика на Република Северна Македонија:

  • Правилник за цени на топлинска енергија и системски услуги;
  • Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија;
  • Правилник за снабдување со топлинска енергија;
  • Правилник за лиценци за вршење на енергетска дејност.

 

Основна дејност

ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е компанија чија основна и единствена дејност е производство на топлинска енергија со вреловоден капацитет со топлинска моќност од 470 MW. Нејзините капацитети за производство на топлинска енергија служат за опслужување на корисниците со топлинска енергија во градот Скопје преку дистрибутивниот систем со што се овозможува снабдување со топлинска енергија на крајните корисници.

 

Основни податоци

Име на компанијата: Производство на топлинска енергија Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје
Целосен назив на компанијата: Друштво за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје
Адреса: ул. 515, Бр.6 СКОПЈЕ – ГАЗИ БАБА
Датум на основање:  27.11.2012
Единствен даночен број: 4043012512444
Матичен број: 6832938
Вид на сопственост: приватна сопственост
Сопственик: Друштво за инвестиции, производство, трговија и советодавни услуги БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје
Тел. / Факс: 00 389 (0)2 5 514 140
П.Фах:  188
E-mail: contact@beg-proizvodstvo.com.mk
WEB страна: www.beg-proizvodstvo.com.mk