Раководството и сите вработени во компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје се посветени на постојано унапредување на своето работење, пред се преку зголемување на продуктивноста во текот на процесот на производство на топлинска енергија, на начин кој не ја нарушува животната средина и здравјето и безбедноста на вработените. Тоа се постигнува преку дефинирање на мерливи цели, програми за исполнување на целите, реализација на активностите, преиспитување на постигнатите резултати и ефектите од истите, спроведување на превентивни и корективни мерки со цел унапредување на ефективноста и ефикасноста на целокупниот систем во работењето.
Основни воспоставени принципи во работењето на компанијата се:
- континуирано следење и примена на најновите технолошки достигнувања и искуства со цел континуирано обезбедување на квалитетен производ, кој во целост ги задоволува барањата, потребите и очекувањата на корисникот;
- доследна примена и континуирано унапредување на менаџмент системите, во согласност со законските и подзаконските прописи;
- одговорност на сите вработени за примена на пропишана документација и функционирање на процесите во поглед на постигнување на бараниот квалитет на производот, заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа;
- остварување на партнерски однос со останатите компании од Групацијата Балкан Енерџи Груп, со цел зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето за добивање на квалитетен производ за потребите на купувачот;
- редовно оспособување на вработените за извршување на работни активности и преземање на мерки со цел намалување на ризикот во поглед на активностите поврзани со заштита на животната средина и заштита на здравјето и безбедноста во работењето.
Сертификат ISO 9001:2015
Компанијата ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во декември 2017 година се здоби со меѓународниот Сертификат ISO 9001:2015. Овој сертификат е потврда дека Системот за управување со квалитет на ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во целост ги исполнува барањата согласно меѓународниот Стандард ISO 9001:2015. Сертификатот е издаден од страна на сертификационото тело Quality – Austria.
Компанијата во декември 2020 година го помина процесот за ресертификација на Системот за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015. Со ова, од страна на сертификационото тело Quality – Austria, е продолжeна важноста на меѓународниот Сертификат ISO 9001:2015 кој го поседува компанијата.