Jа информираме јавноста дека согласно регулативата, грејната сезона 2020/2021 е официјално завршена за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ.
Грејната сезона 2020/2021 започна на 15 октомври 2020 и поради ниските надворешни температури за овој период од годината беше продолжена до 25 април 2021 година.
Согласно усвоената регулатива, грејна сезона трае од 15 октомври до 15 април, при што снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.