Завршување на грејната сезона 2016-2017 година


Грејната сезона 2016 – 2017 година по правило завршува на ден 15.04.2017, а топланите остануваат во приправна состојба за испорака на топлинска енергија до 30.04.2017. Во овој период, топланите ќе испорачуваат топлинска енергија доколку се исполнат условите за продолжување на грејната сезона согласно правилата за снабдување со топлинска енергија пропишани од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија.